Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-343/21

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 1.07 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 13, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-343/21

(...) „Согласно со член 94 став 2 од Законот за работни односи отказ на договорот за вработување поради причини на вина од страна на работникот, работодавачот може да му даде на работникот во рок од три месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот.

Согласно со член 55 од Колективниот договор на вработените кај тужениот од 27.07.2018 година работодавачот може да донесе одлука за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлука за откажување на договорот за вработување поради неисполнување на обврските од работното место во рок од три месеци од денот на сознавањето на повредата, односно од денот на сознавањето на неисполнувањето.

Во конкретниот случај како утврди првостепениот суд во фактичка состојба тужителот со тужениот засновал работен однос во 2007 година. Во 2017 година помеѓу странките се склучил договор за вработување со кој се продолжил веќе заснованиот работен однос кај тужениот кој непрекинато траел од 2007 година, па се до откажувањето на договорот со оспорената одлука. Ако се има во предвид содржината на договорот за вработување договорните страни врз основа на нивно слободно изразена волја постигнале согласност дека засновањето и престанокот на работниот однос ќе се регулира и согласно одредбите од ЗРО и КД на тужениот. Причината за донесувањето на оспорената одлука е поради извршено авансно плаќање кон Л. Т. ДООЕЛ Б. без одобрение и склучен договор од страна на генералниот директор. Правилно утврди првостепениот суд дека оспорената одлука не може да произведува правно дејство, бидејќи од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот до денот на донесувањето на одлуката за отказ настанала застареност. Судот ги имаше во предвид сите жалбени наводи, но смета дека се неосновани. Правилно првостепениот суд го задолжи тужениот да го врати тужителот на работа на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-457/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право