- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 960.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 28, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-502/22
(...) „Согласно чл. 82 ст. 2 од ЗРО, со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок, а согласно чл. 123 ст. 1 т. 3 од КД на тужениот, друштвото може да му го откаже договорот за вработување на работникот доколку истиот во текот на работата или во врска со работата стори дејствие кое има обележје на кривично дело. (...)
Од изведените докази и утврдените факти, несомнено произлегува и се утврдува дека тужителот при вработувањето на јавниот оглас имал доставено диплома со невистинита содржина за вработување на работно место Ракувач на млинови, односно доставил диплома заверена кај нотар за стекнато образование, која била фалсификат и не била издадена од соодветната образовна институција, а за која диплома институцијата навела дека таква диплома од нејзина страна не била издадена и дека со таквото однесување тужителот ја сторил повредата на работниот ред и дисциплина или работните обврски предвидена во горенаведените одредби од ЗРО и КД на тужениот. Со оглед да тужителот се до поведувањето на дисциплинската постапка работел кај тужениот на наведеното работно место врз основа на фалсификуваната диплома - исправа со невистинита содржина, овој суд оценува дека во конкретниот случај тужениот го запазил и субјективниот, а и објективниот рок од шест месеци наведен во горенаведената одредба од ЗРО, а со тоа спровел законита постапка и донел законита одлука во роковите пропишани во наведениот член од ЗРО. Според тоа, неправилно прифатил првостепениот суд дека тужителот ја сторил повредата на денот кога ја употребил фалсификуваната диплома на денот на вработувањето и дека оттогаш па до донесувањето на Одлуката за отказ на договорот, истекол објективниот рок за донесувње на одлука од шест месеци. Ова од причини што, тужителот и во време на поведувањето на дисциплинската постапка работел на работното место врз основа на фалсификуваната диплома и истата ја употребувал и дека и во тој период бил сторител на горенаведената повреда за која му е даден отказот на договорот за вработување.
Исто така, неправилно и неосновано прифатил првостепениот суд дека Одлуката за отказ била незаконита и од причини што тужениот во правната поука на Одлуката само го упатил тужителот дека правата може да ги остварува во АВРМ, не наведувајќи кои конкретни права ги имал, а и поради фактот што тужителот не бил уредно известен да се јави на разговор на 17.12.2021 година. Ова од причини што, во самата одлука за отказ на договорот за вработување дадена е поука со која се известува тужителот да се обрати до Агенцијата за вработување на С.М.С., заради остварување на правата согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, што значи дека истиот е упатен на остварување на правата кои ги има тужителот по наведениот Закон заради откажувањето на договорот за вработување, а исто така првостепениот суд и во фактичката состојба утврдува дека тужителот бил повикан да се јави на наведениот ден заради произнесување за повредата, меѓутоа истиот не се јавил, а се јавил само работникот Н. В., кој исто така бил повикан со тужителот да се јави на истиот ден во Секторот за правни и кадровски работи. Од сето ова произлегува дека, донесената Одлука на тужениот за отказ на договорот за вработување на тужителот поради сторената повреда на работниот ред и дисциплина е законски и основно донесена.”