- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 916.82 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 4, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-429/21
(...) „Согласно член 104 став 1, 2 и 3 од ЗРО, работодавачот го прекинува договорот за вработување на работникот кога ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. Согласно став 2, работникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст, доколку со закон не е поинаку уредено. Согласно став 3 писмената изјава од ставот 2 на овој член работникот ја дава најдоцна до 31 август во годината која и претходи на годината во која ги исполнува условите од став 1 на овој член. За секое натамошно продолжување на договорот за вработување од став 2 на овој член, изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината која и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување.
Тужителот го исполнил условот за остварување на право на старосна пензија со навршени 64 години возраст на 12.04.2021 година, а на ден 17.03.2021 година поднесе до тужениот изјава за продолжување на договорот за вработување во академската 2021/2022 година. Правилно утврди првостепениот суд дека изјавата е поднесена по истекот на рокот бидејќи тужителот изјавата требаше да ја поднесе до 31 август 2020 година. Тоа што на други вработени кај тужениот им бил продолжуван работниот однос по ненавремено поднесени изјави не е предмет на оваа постапка. Бидејќи тужениот го одбил барањето да му се продолжи работниот однос на тужителот во наредната 2021/2022 година донесената одлука од страна на тужениот за прекин на договорот за вработување број ... од 24.03.2021 година сметано од 12.04.2021 година кога тужителот ги исполнил условите за старосна пензија, е законита.
Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека договорот за вработување требало да му трае до крајот на учебната година во која наполнил 64 години возраст, односно до 30.09.2021 година, бидејќи правилно утврди првостепениот суд дека согласно член 187 став 1 од Законот за високото образование, на лицето избрано во наставно - научно или наставно звање кое во текот на учебната година го продолжило договорот за вработување согласно прописите на работните односи, работниот однос му трае до крајот на учебната година во која наполнило 67 години. Во конкретниот случај, на тужителот не му е продолжен договорот за вработување согласно неговата изјава и согласно прописите за работните односи и тужителот до крајот на учебната година 2021 година е со наполнети 64 години возраст. Член 187 став 1 од Законот за високото образование, се однесува за лице кое го продолжило договорот за вработување и кое до крајот на учебната година во која го продолжило договорот за вработување наполнило 67 години.”