Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-596/20

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 966.20 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 1, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-596/20

(...) „Во член 94-а од ЗРО е предвидено дека информирање на работниците значи пренос на податоци од страна на работодавачот до претставниците на работниците за да можат тие да се запознаат со истите и да ги истражат. Консултирање значи размена на мислења и воспоставување на дијалог меѓу претставниците на работниците и работодавачот. Во член 95 од ЗРО е предвидено дека доколку работодавачот има намера да донесе одлука за престанок на работен однос на поголем број на работници од деловни причини, односно најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој престанок на работен однос без оглед на вкупниот број на работниците кај работодавачот се смета за колективно отпуштање од деловни причини. Во конкретниот случај од страна на тужениот донесена е програма со која било предвидено укинување на работното место член на советодавен одбор во рамките на одделот за менаџмент на аеродромот С.А.П. во О. oд Правилникот за систематизација на работните места кај тужениот.

Имајќи го во предвид фактот дека во конкретниот случај станува збор за престанок на работен однос од деловни причини на помалку од 20 работници за период од 90 дена, односно дека не се работи за колективно отпуштање на работници, работодавачот нема обврска да ја спроведува постапката предвидена во член 95 од ЗРО. Оспореното решение е донесено по спроведена постапка за откажување на договорот за вработување од деловни причини која резултирала со донесување на нова систематизација на работни места со која работното место на кое тужителот работел било укинато. При состојба кога се укинува работното место заради деловни причини без оглед на фактот колку работници работат на истото, работниот однос им престанува на сите работници и работодавачот нема обврска да изврши бодирање на работниците врз основа на мерила и критериуми предвидени со колективниот договор.

Во член 96 од ЗРО е предвидено дека работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини поради кои престанува потребата од вршење на определена работа, може на работникот да му понуди:
1) вработување кај друг работодавач без огласување со превземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка,
2) стручно оспособување, обука, преквалификација или доквалификација кај друг работодавач и нов договор за вработување.

Во член 76 од ЗРО е предвидено дека работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот кога не е можно продолжување на работниот однос меѓу кои и ако престане потребата од вршење на определена работа под условите наведени во договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурални и слични промени од страна на работодавачот - деловни причини. Во конкретниот случај тужениот го укинал работното место на кое работел тужителот и на тужителот му е откажан договорот за вработување од деловни причини, бидејќи оценил дека не е можно продолжување на работниот однос на тужителот кај тужениот.

Меѓу другото првостепениот суд во пресудата се повикува на тоа дека тужениот имал обврска да ја почитува Конвенцијата на меѓународната организација на трудот број 158, Конвенцијата за престанок на работен однос по иницијатива на работодавачот и Препораката на Меѓународната организација на трудот број 166, меѓутоа при одлучувањето не го имал во предвид фактот дека наведените конвенции и препораки се преточени во Законoт за работните односи.

Во оваа смисла основани се укажувањата во жалбата на тужениот дека не може судот да ја цени потребата за престанок на работен однос од деловни причини, туку цени само дали тужениот таквата одлука ја донел во правилна и законита постапка. Основани се жалбените наводи на тужениот дека работното место член на одбор не е исто со член на советодавен одбор бидејќи во Правилникот за систематизација на тужениот не постои повеќе работното место член на советодавен одбор на кое тужителот работел. Исто така согласно ЗРО тоа што тужениот не му понудил работа на тужителот на друго работно место не е обврска на тужениот, бидејќи во законот е предвидена само можност да му понуди работа на тужителот на друго работно место.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-553/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право