- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 982.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 14, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-3/22
(...) „Согласно чл. 74 ст. 1 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, а во ст. 2 се наведува дека работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита. Во случајот, тужениот не ги докажа причините за откажувањето на договорот, туку само наведе во образложението на одлуката дека поради зголемен обем на работа имал потреба тужителот да биде распореден на тоа работно место, дека истиот ги исполнувал условите на понуденото работно место и ја поседувал соодветната стручна подготовка и работно искуство.
Во чл. 78 ст. 1 од ЗРО е предвидено дека одредбите на овој закон кои се однесуваат на договорот за вработување се применуваат и во случај кога работодавецот го откажува договорот за вработување, а во исто време му предлага на работникот склучување на нов променет договор за вработување, а во став 2 од истиот член стои дека работникот мора во рок од 15 дена да се изјасни за новиот променет договор за вработување од денот на приемот на понудата. Во ст. 3 е предвидено ако работникот ја прифати понудата од ст. 1, нема право на отпремнина, а го задржува правото да ја оспорува пред надлежен суд одлуката за промена на договорот за вработување.
Во конкретниот случај, правилно првостепениот суд утврди дека тужениот не ја докажа основаноста на причината за донесување на одлуката за отказ со промена на нов договор за вработување.
Правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот при откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор не дал јасни, образложени, оправдани и објективни причини, бидејќи од доказите кои првостепениот суд ги изведе во текот на постапката, не се докажа основаноста на причините за донесување на оспорената одлука.
Работодавачот има обврска да докаже дека по склучувањето на договорот за вработување на работникот настапиле одредени околности поради кои работодавачот не бил во можност повеќе да му ги довери на работникот истите работи и на истото работно место или дека на работникот повеќе не може да му понуди натамошно исполнување на правата и обврските утврдени со договорот за вработување поради новонастанатите услови и околности кај работодавачот. Работното место на тужителот не било укинато, не бил намален бројот на извршителите, напротив и тоа работно место не било пополнето со потребниот број на извршители. Тужителот ги исполнувал условите за работа на претходното работно место, а барањето за распоредување на новото работно место е за тужителот и не се дадени причини зошто токму тужителот треба да биде распореден на новото работно место. Со оглед на наведеното, по мислење на овој суд, правилно првостепениот суд утврди дека донесената одлука е незаконита.”