Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-57/21

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 879.07 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 17, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-57/21

(...) „Правилен е заклучокот на првостепениот суд дека согласно чл. 72 од Законот за работните односи работодавачот беше должен да го наведе основот на отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја наведе основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението. Исто така, при откажување на договорот за вработување со понуда на нов договор за вработување работодавачот треба да ја докаже и потребата заради која е откажан договорот за вработување и е понуден нов договор за вработување, а во конкретниот случај тоа не е направено.

Од друга страна пак на тужителот му е понуден нов променет договор за вработување на работното место дипломиран инженер информатичар на 28.11.2019 година и во времето кога му е откажан договорот за вработување и понуден му е нов договор за вработување, на Правилникот за систематизација не била дадена согласност од Министерството за информатичко општество и адиминистрација. На Правилникот за систематизација од 28.11.2019 година од погоре наведеното Министерство е дадена согласност на 05.12.2019 година. Ова укажува на фактот дека пред да биде дадена согласност на Правилникот за систематизација од 28.11.2019 година во кој Правилник не е предвидено работното место дипломиран инженер по информатика - раководител на Отсек за информатика во одделението за економско финансиски работи тужениот не можел на тужителот да му го откаже договорот за вработување од ова работно место и да му понуди нов договор за вработување.

Судот ги имаше во предвид и жалбените наводи дека во договорот за вработување од 05.12.2017 година било предвидено дека работодавачот може еднострано да го раскине договорот и на тужителот да му понуди нов договор за вработување, што не е спорно, меѓутоа за да може договорот да се раскине и на работникот да му се понуди нов договор за вработување потребно е да постојат и оправдани причини за раскинувањето. Исто така, работното место раководител на Отсекот за информатика не може да биде со мандат од една година како што е предвидено во договорот за вработување од 2017 година, бидејќи не станува збор за функција, односно изборно работно место. (...)

Неспорно е и тоа дека на 05.12.2019 година од Министерството за информатичко општество и администрација дадена е согласност на Правилникот за систематизација од 28.11.2019 година и во овој Правилник не е предвидено работното место дипломиран инженер по информатика раководител на Отсек за информатика во одделението за економско финансиски работи. При состојба кога вакво работно место не е систематизирано во Правилникот за систематизација не може да се задолжи тужениот да го врати тужителот на работа на ова работно место согласно договорот за вработување бр.01-438/927-2 од 05.12.2017 година. Од овие причини овој суд ја преиначи пресудата на првостепениот суд во став 3 од изреката и го задолжи тужениот да го врати тужителот на работа на работно место согласно стручната спрема, а го одби барањето да се врати на работното место согласно договорот за вработување од 05.12.2017 година.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-95/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право