Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-93/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 931.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 10, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-93/21

(...) „Во одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда на нов договор е предвидено дека има слободно работно место бр. 1600/619 ѓ „работник за одводнување”, а со оглед дека тужителот поседува соодветно образование, стручност и работно искуство може да ги извршува ваквите работи и работни задачи. Со вака донесената одлука тужениот не ја докажал потребата за распоредување на тужителот за работното место работник за одводнување од причини што за ова работно место по актот за систематизација предвидени биле пет извршители, никогаш не било пополнето со толкав број, а на истото работеле двајца извршители Б. М. и К. Г., а после распоредувањето со тужителот биле три извршители.

Во конкретниот случај на тужителот му е понуден нов променет договор за вработување на работното место работник за одводнување. Во моментот кога му е откажан договорот за вработување и му е понуден нов договор за вработување на работното место работник за одводнување на тужениот познат му бил фактот дека тужителот бил работник кој ужива посебна заштита согласно Законот за работните односи, бидејќи тужителот имал повеќе од 59 години. Од друга страна пак работното место работник за одводнување било проценето како работно место со зголемен ризик со механички опасности, опасности кои се јавуваат во врска со карактеристиките на работното место и штетности поврзани со организацијата на работата - работа во смени и ноќна работа. На 10.06.2020 година, тужителот е упатен на здравствен преглед во овластена здравствена установа за работното место работник за одводнување и на работоавачот дадена му е препорака дека работникот, односно тужителот да не работи работи со долго стоење, да не крева голем товар, односно да не се изложува на голем физички напор. Со оглед дека за ова работно место наведени се механички опасности со користење на опремата за работа како внатрешен транспорт и движење на работни машини или возила рачен алат и црева, опасности кои се јавуваат во врска со карактеристиките на работното место како можност за лизгање или сопнување, опасности со користењето на електричната енергија како опасност од удар од гром и последици од атмосферско празнење, хемиски штетности како прашина, гасови и чад од самозапалување на јаглен, физички штетности како бучава, штетни атмосферски влијанија од работа на отворено, биолошки штетности како инсекти и змии, телесни напрегања како рачно кревање, туркање и влечење на товар, наведнување и клечење, работа во смени и ноќна работа, произлегува дека тужителот не може да ги извршува работните задачи на кои му е понуден нов променет договор за вработување. Исто така тужителот пред да биде распореден не бил упатен на периодичен здравствен преглед, туку тоа е направено после неколку месеци од распоредувањето и по извршувањето на периодичен здравствен преглед дадена му е препорака на работодавачот дека тужителот не треба да работи со долго стоење, кревање и голем физички напор што би предизвикало постоење на професионални болести и болести во врска со работата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-92/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право