Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-389/22

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 953.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 2, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-389/22

(...) „Работодавачот има обврска да докаже дека по склучувањето на договорот за вработување на работникот настапиле одредени околности поради кои работодавачот не бил во можност повеќе да му ги довери на работникот истите работи и на истото работно место или дека на работникот повеќе не може да му понуди натамошно исполнување на правата и обврските утврдени со договорот за вработување поради новонастанатите услови и околности кај работодавачот.

Во конкретниот случај, по мислење на овој суд правилно првостепениот суд утврди дека тужениот при откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор не дал јасни, образложени, оправдани и објективни причини, бидејќи од доказите кои првостепениот суд ги изведе во текот на постапката, не се докажа основаноста на причините за донесување на оспорената одлука.

Тоа што сведокот Д. појаснил дека одлуката за отказ била донесена поради деловни причини, по мислење на овој суд не е од значење за поинакво одлучување. Ова од причина што од една страна согласно одредбите од ЗРО и КД на тужениот, постои задолжителна обврска на работодавачот законскиот основ за отказ да го наведе во писмената одлука со која откажува одреден договор за вработување, што не било сторено во предметниот случај, а од друга страна нема доказ дека пред донесувањето на предметната одлука за отказ, работодавачот постапил согласно одредбите од неговиот колективен договор од делот XI „Престанување на важноста и откажување на договорот за вработување”, т. 6 „Откажување на договор за вработување од деловни причини”. Околноста дека работното место на кое тужителот работел пред распоредувањето сеуште постои и дека на истото бил поставен друг извршител, укажува на тоа дека не престанала потребата од вршење на работите од тоа работно место, што упатува на заклучок дека не се исполнети ниту законските услови по чл. 76 ст. 1 т. 3 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-387/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право