Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-501/20

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 564.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-501/20

(...) „Во конкретниот случај видно од актот за систематизација на работните места кај тужениот на работното место работоводител на кое е вработена тужителката пред да и биде понуден променетиот договор за вработување предвидени биле 6 извршители и по име се наведени работниците кои работеле на тоа работно место. За работното место на кое е понуден променетиот договор за вработување. односно диспечер под шифра 1600/191, предвидени биле 6 извршители и истото е пополнето со 2 извршители меѓу кои е и тужителката. Со оглед на фактот дека и работното место работоводител во целост не е пополнето со бројот на предвидените извршители, туку на истото останале 5 извршители, а се предвидени 6 по Актот за систематизација, правилно заклучил првостепениот суд дека во конкретниот случај не е наведен основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот ниту е докажана основаноста на причината која го оправдува отказот. Согласно член 76 став 1 од Законот за работните односи, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување кога не е можно продолжување на работниот однос во три случаи и тоа: ако работникот поради своето однесување, недостаток на знаење или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон не е способен да ги извршува договорените или други обврски од работниот однос, ако работникот ги крши работните обврски или други обврски од работниот однос и ако престане потребата од вршење на определена работа заради економски, организациони, технолошки или слични причини. Во член 7 од Измените и дополнувањата на Законот за работните односи Службен весник 120/2018 е предвидено дека престанокот на работниот однос од ставот 1 точка 3 на овој член се врши врз основа на потребата за ефикасно функционирање на работата на работодавачот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста на работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж и други критериуми утврдени со колективен договор.

При состојба кога тужениот не го навел основот за отказот, ниту пак ги навел причините заради кои на тужителката и го откажува договорот за вработување и и нуди променет договор за вработување, правилно првостепениот суд го уважил тужбеното барање во овој дел.

Првостепениот суд го одбил тужбеното барање на тужителката да се поништи како незаконит Договорот за вработување број 04-4/123-2 од 13.02.2020 година за работното место диспечер со образложение дека новиот променет договор за вработувњае е склучен како последица на поништената Одлука за отказ со понуда на нов променет договор за вработување, па при ваква состојба по автоматизам останува во сила Договорот за вработување кој и претходел на Одлуката за отказ број 04-311/211 од 07.03.2006 година. Тужителката во жалбата наведува дека првостепениот суд во овој дел погрешно го применил материјалното прво бидејќи во услови кога се поништува како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда за склучување на нов променет договор за вработување пред отказ, потребно е да се поништи Договорот за вработување број 04-4/123-2 од 13.02.2020 година бидејќи истиот е склучен и потпишан од странките. Судот ваквите жалбени наводи не ги прифати од причини што, со поништувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување и понуда на нов променет договор за вработување пред отказ број 04-4/123-1 од 13.02.2020 година, а врз основа на која одлука е потпишан и Договорот за вработување број 04-4/123-2 од 13.02.2020 година, автоматски останува во сила стариот Договор за вработување број 04-311/211 од 07.03.2006 година кој договор за вработување е склучен за работното место работоводител.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-545/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право