Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-528/20

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 568.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-528/20

(...) „Во конкретниот случај видно од актот за систематизација на работните места кај тужениот за работното место ракувач на циркуларна станица на кое бил вработен тужителот пред да му биде понуден променетиот договор за вработување предвидени биле 14 извршители и по име се наведени работниците кои работеле на тоа работно место. За работното место на кое му е понуден променетиот договор за вработување, односно самостоен геометар под шифра 1600/139, предвидени биле 7 извршители, а пополнето е со 6 извршители меѓу кои и тужителот. Со оглед на фактот дека и работното место ракувач на циркуларна станица во целост не е пополнето со бројот на предвидените извршители, туку на истото останале 12 извршители, а се предвидени 14 по Актот за систематизација, правилно заклучил првостепениот суд дека во конкретниот случај не е наведен основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот ниту е докажана основаноста на причината која го оправдува отказот. Согласно член 76 став 1 од Законот за работните односи, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување кога не е можно продолжување на работниот однос во три случаи и тоа: ако работникот поради своето однесување, недостаток на знаење или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон не е способен да ги извршува договорените или други обврски од работниот однос, ако работникот ги крши работните обврски или други обврски од работниот однос и ако престане потребата од вршење на определена работа заради економски, организациони, технолошки или слични причини. А во член 7 од Измените и дополнувањата на Законот за работните односи Службен весник 120/2018 е предвидено дека престанокот на работниот однос од ставот 1 точка 3 на овој член се врши врз основа на потребата за ефикасно функционирање на работата на работодавачот, стручната подготовка и квалификација на работникот, неговото работно искуство, успешноста на работењето, видот и значењето на работното место, работниот стаж и други критериуми утврдени со колективен договор.

При состојба кога тужениот не го навел основот за отказот, ниту пак ги навел причините заради кои на тужителот му го откажува договорот за вработување и му нуди променет договор за вработување, правилно првостепениот суд го уважил тужбеното барање. (...)

Со сега обжалената пресуда првостепениот суд го поништил и Договорот за вработување број 04-4/141-2 од 25.06.2019 година, а кој договор бил склучен врз основа на Одлуката број 04-4/141-1 од 25.06.2019 година со која одлука на тужителот му е откажан договорот за вработување и понуден му е нов променет договор за вработување за работното место самостоен геометар, меѓутоа Овој суд смета дека во овој дел е неправилно применето материјалното право. Ова од причини што со поништувањето на одлуката за отказ на Договорот за вработување со понуда на нов променет договор за вработување, односно со поништувањето на Одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување од ракувач на циркуларна станица и понуден му е нов променет договор за вработување за работното место самостоен геометар, останува во сила Договорот за вработување кој претходи на Одлуката за откажување на договорот за вработување и понуда на нов променет договор пред отказ, односно договорот за вработување склучен за работното место ракувач на циркуларна станица. Крајно не може да се поништи договор за вработување како незаконит, како што прифатил првостепениот суд, туку согласно член 29 од Законот за работните односи може да се утврди дека одредени одредби од договорот за вработување се ништовни од моментот на склучувањето на договорот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-501/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право