- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 917.72 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 10, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-569/20
(...) „Во конкретниот случај тужениот како работодавец во одлуката за отказ на договорот за вработување не го навел основот за отказот утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот, не ги навел ниту причините за отказот, ниту докази со кои ја докажува основаноста на причината за отказ, а ниту пак истите ги наведе во образложението на одлуката, со што тужениот постапил спротивно на одредбата од чл. 72 и 74 ст. 2 од ЗРО. Тужениот во својата одлука за отказ со понуда на променет договор за вработување наведува дека истата ја донел согласно чл. 78 од ЗРО, поради потреба од пополнување на работното место 1600/526 кое било слободно и на кое биле предвидени 11 извршители, но и на работното место на кое тужителот дотогаш работел 1600/450 биле предвидени 22 извршители и ова работно место не било пополнето и на истото работеле 18 извршители. И на двете работни места предвидена е иста стручна подготовка 3/4 средно училиште. Работното место од каде на тужителот му е откажан договорот за вработување било пополнето со друг извршител и тужениот не дал причини зошто баш тужителот е побаран да работи на новопонуденото работно место. (...)
Во конкретниот случај тужениот (...) само паушално навел дека на тужителот му се откажува договорот за вработување и му се понудува нов променет договор поради неопходна потреба во процесот на работа на работно место кое било слободно, без конкретно да се наведе во што се состои со закон пропишана оправдана причина за тоа кога на неговото работно место не е намален бројот на извршители, туку и ова работно место е непополнето. Со тоа тужениот не ја докажа основаноста и причините за откажување на договорот за вработување со понуда на променет договор за вработување и правилно првостепениот суд утврди дека донесената одлука е незаконита.”