- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 934.64 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 12, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-293/21
(...) „Во конкретниот случај, неспорно е дека тужениот му доставил на тужителот Одлука за откажување на Договорот за вработување со понуда за склучување на нов променет Договор за вработување, согласно чл. 78 од ЗРО и член 145 од КД кај тужениот. Меѓутоа, во одлуките нема образложени причини поради кои се донесува одлуката за отказ, а ниту има наведено поради кои причини одлучил да му го смени работното место и да го распореди на пониско работно место со пониска плата. Тоа што тужениот во одлуката наведува дека истата била донесена согласно Закон и КД на тужениот, односно дека во истата било наведено дека со стручните квалификации, стручната подготовка и искуство кои ги поседува работникот ќе може успешно да ги извршува работните задачи на новото работно место, не е доволен основ за откажување на Договорот за вработување, во ситуација кога не дал доволно образложени причини за отказот, во смисла на чл. 72 од ЗРО. Неспорно е дека тужениот донел одлука за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места пред да му биде понуден нов договор за вработување, со која одлука ги намалил степенот на образование и бодовите потребни за работното место на кој претходно работел тужителот и предвидел уште еден извршител за работното место на кое е сега распореден тужителот со новиот договор. Меѓутоа со ваквите измени на Правилникот, не е укинато претходното работно место на кое работел тужителот, за да може да се прифати дека распоредувањето било извршено поради деловни причини. Ова дотолку повеќе што за донесувањето на одлуката за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места не бил известен синдикатот.
Судот го ценеше исказот на сведокот И. Г., но истиот не е од значење при оценка на законитоста на одлуката за отказ и на новиот Договор за вработување, а доколку тужениот смета дека појаснувањата на сведокот биле вистинити и реални за промена на работното место на тужителот, истите требало да ги наведе во одлуката. По однос на исказот на сведокот Р. М. кој бил претседател на синдикалната организација кај тужениот, судот му поклони верба во делот за начинот во кој тужениот требало да постапи при донесувањето на измените на Правилникот со оглед дека тужителот бил синдикален претставник, а согласно КД на тужениот, не смеел да биде доведен во понеповолна положба во однос на другите вработени заради учеството на синдикатот, а при давањето на отказ не било побарано мислење од Синдикатот.”