- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 1.03 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 10, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-67/21
(...) „Како неспорно од страна на првостепениот суд е утврдено дека тужителката со договор за вработување склучен на 11.01.2011 година, извршувала работни задачи кај тужениот на работното место самостоен стручен соработник за депозити за правни лица во службата за администрција и евиденција на депозити Сектор за процесирање. На ден 03.07.2019 година на тужителката и бил понуден договор за вработување заведен под бр ... за работното место Стручен соработник 1 за евиденција на пласмани и депозити за физички и правни лица во Службата за администрација и евиденција на пласмани и депозити Сектор за процесирање. Тужителката не го прифатила новиот договор за вработување и од тие причини согласно чл. 78 од ЗРО, донесена е одлука со која на тужителката и е откажан договорот за вработување заради неприфаќање на променетиот договор за вработување. Против одлуката за откажување на договорот за вработување, заради неприфаќање на новиот променет договор за вработување тужителката поднела приговор меѓутоа не завела судски спор за да може да се оцени дали ваквата одлука е донесена во согласност со Закон и Колективен договор. Првостепениот суд во постапката по тужбата на тужителката за испратнина како претходно прашање ценел кој е основот за престанокот на работниот однос на тужителката иако станува збор за одлука за отказ заради неприфаќање на променет договор за вработување и така е одјавена од Агенцијата за вработување со тоа што не ја оспорила одлуката со која и е откажан договорот за вработување заради неприфаќање на новиот променет договор за вработување истата одлука останува во сила и по таа одлука е одјавена од Агенцијата за вработување, а како основ за престанок е наведен отказ од страна на работодавачот што значи дека работниот однос не и престанал од деловни причини како што тврди првостепениот суд.
Во чл. 96 од ЗРО, е предвидено дека работодавачот пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини поради кои престанува потребата од вршење на определена работа може на работникот да му понуди:
- Вработување кај друг работодавач без огласување со превземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка односно квалификација;
- Стручно оспособување (обука, преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или друг работодавач) и под
- Нов договор за вработување.
Дури и да се прифати заклучокот на првостепениот суд дека работниот однос на тужителката и престанал од деловни причини истиот постапил по чл. 96 од ЗРО, и на тужителката на 03.07.2019 година и понудил договор за вработување бр ... за работното место стручен соработник 1 за евиденција на пласмани и депозити за физички и правни лица службата за администрација и евиденција на пласмани и депозити - сектор за процесирање. Тоа значи дека пред откажување на договорот за вработување тужениот постапил по чл. 96 и и понудил нов договор за вработување. Со тоа што и е понуден нов договор за вработување кој тужителката не го прифатила на истата не и следува испратнина како што прифатил првостепениот суд.”