- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 891.81 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 3, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-409/21
(...) „Согласно чл. 82 ст. 1 т. 1 од ЗРО, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон или колективен договор, и договорот за вработување, ако работникот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, или пет работни дена во текот на една година.
Согласно чл. 205 ст. 1 т. 1 од Законот за здравствена заштита, на здравствениот работник му престанува вработувањето и во случаите ако неоправдано отсуствува од работа најмалку три последователни работни дена или пет работни дена во текот на годината.
Неспорно е дека тужителката во периодот после 10.08.2020 година, не се јавила на работа кај тужениот, но тоа не значи дека истата неоправдано отсуствувала од работа, од причини што тужителката на 31.07.2020 година поднела барање за користење на годишен одмор сметано од 04.08.2020 година до 19.08.2020 година, при што од страна на одговорното лице кај тужениот писмено и било одговорено дека годишниот одмор ќе може да го користи почнувајќи од 10.08.2020 година, а што било потврдено и со доставената СМС порака од страна на одговорното лице кај тужениот, со која ја повикал тужителката да се јави на работа на 05.08.2020 година, бидејќи и бил одобрен годишниот одмор од 10.08.2020 година. Меѓутоа тужителката во периодот од 04.08.2020 година, до 07.08.2020 година била на боледување што не го оспорува ниту тужениот, а од 10.08.2020 година го користела годишниот одмор согласно одобрението дадено од тужениот. Од страна на тужениот не е доставен доказ дека ја известил тужителката дека поради зголемениот обем на работа не и се одобрува користење на годишниот одмор сметано од 10.08.2020 година.
Во конкретниот случај без оглед на тоа што тужениот не и издал решение за користење на годишен одмор на тужителката, но истиот во писменото известување по СМС порака ја известил дека годишниот одмор ќе може да го користи од 10.08.2020 година, произлегува дека нема вина на страната на тужителката што тужениот не и издал решение за користење на годишен одмор, туку тоа е вина на тужениот. Тужителката врз основа на писменото известување од тужениот од 31.07.2020 година, како и добиената СМС порака од тужениот, која ја примила на 04.08.2020 година, почнала да го користи годишниот одмор од 10.08.2020 година.”