Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-313/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 959.04 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 22, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-313/22

(...) „Согласно член 22 точка 15 од Законот за вработените во јавниот сектор, по исклучок од став 2 на овој член, доколку отсутниот вработен и по истекот на две години не се врати на работа, работниот однос на вработениот кој го заменува може да се трансформира од определено на неопределено време по претходна согласност на органот надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата по однос на буџетот.

Согласно член 66 став 1 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта, во дејноста на основното и средносто образование трансформацијата на работниот однос од определено на неопределено време е дозволена само ако: наставникот, односно стручниот соработник има работен стаж повеќе од две години во воспитно – образовна установа верифицирана од Министерството, со прекин или без прекин, наставникот односно стручниот соработник е на постојано работно место ослободено по основ на пензионирање, отказ, смрт или други основи и се обезбедени финансиски средства за кое се бара трансформација, наставникот, односно стручниот соработник ги исполнува условите предвидени во нормативот за наставник/стручен соработник, наставникот, односно стручниот соработник има положено стручен испит и работодавачот утврди дека има трајна потреба од наставникот, односно стручниот соработник и истото нема да предизвика технолошки вишок и е добиена согласност за трансформација на работниот однос од Министерството.

По мислење на овој суд од погорецитираните одредби произлегува дека за трансформација на работниот однос од определено во неопределено работно време, потребно е да бидат исполнети сите предвидени услови, а тужителката исполнувала дел од истите. Имено, во конкретниот случај од изведените докази произлегува дека не била дадена согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот, како би се извршила трансформација од определено на неопределено време во смисла на чл. 66 ст. 1 од Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно од страна на Министерството за финансии за ова работно место за кое се бара трансформација, не биле обезбедени финансиски средства за неопределено време. Доставените согласности за вработување за учебните години 2019/2020, 2020/2021 и 2021/2022 се однесуваат за вработувања на определено време до крајот на гореспоменатите учебните години за кои биле обезбедени финансиски средства. (...)

Од друга страна неспорно е дека тужениот во одговор на тужба како и на рочиштето за главна расправа го призна тужбеното барање во целост. Меѓутоа, така даденото признание е спротивно на одредбите од чл. 22 од Законот за вработените во јавниот сектор и чл. 66 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, од причини што тужениот признава тужбено барање за кое не се исполнети законските услови од наведените одредби.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-318/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право