Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-369/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 776.96 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 2, 2022
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-369/22

(...) „Согласно член 62 од ЗРО, договорот за вработување престанува да важи со изминување на времето за кое што бил склучен, со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице), поради престанување на работодавачот согласно со Закон, со спогодбено раскинување, со отказ, со судска пресуда и во други случаи утврдени со Закон.

Со решението за отказ од 08.02.2021 година против кое тужителката ги искористила правните лекови е констатирано дека на тужителката и престанува работниот однос сметано од 15.03.2018 година со отказ на договорот за вработување на неопределено време број ... од 23.05.2017 година, бидејќи отпаднал основот врз основа на кој е заснован работниот однос, односно склучен договорот за вработување на тужителката со тужениот, а тоа е одлуката за трансформација на работниот однос која е поништена.

Во ситуација кога првостепениот суд утврди дека со одлука е поништена како незаконита одлуката за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време и со правосилна пресуда е утврдено дека договорот за вработување на неопределено време број ... од 23.05.2017 година склучен помеѓу странките е ништовен и не произведува правно дејство и поради тоа го одби тужбеното барање да се поништи решението за отказ, неосновани се жалбените наводи на тужителката дека првостепениот суд не дал објаснување дали решението за отказ е законито или незаконито. Со тоа што одлуката за трансформација на работниот однос е поништена со одлука од 15.03.2018 година и договорот за вработување е ништовен и истиот не произведува правно дејство, неосновани се жалбените наводи на тужениот дека работниот однос на тужителката кај тужениот не можел да и престане сметано од 15.03.2018 година. Исто така, неосновани се жалбените наводи дека бил истечен законскиот рок од денот на дознавањето на фактите кои биле основа за давање на отказот, бидејќи како се утврди во конкретниот случај не може да најде примена рокот на застареност во ситуација кога е утврдено дека договорот за вработување на тужителката склучен на неопределено време е ништовен и не произведува правно дејство, а со тоа неосновано е барањето на тужителката да се поништи решението со кое и престана работниот однос од 15.03.2018 година како и барањето за враќање на работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-389/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право