- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 1.01 MB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 19, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-318/22
(...) „Cогласно член 2 став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор, работодавачи во јавниот сектор, согласно со овој закон покрај останатите се и институциите кои вршат дејности од областа на здравството.
Согласно член 6 став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор, вработувањето во јавниот сектор се врши преку објавување на јавен оглас, при што во транспарентна, фер и конкурентна постапка на селекција, се избира најстручниот и најкомпетентниот кандидат за работното место.
Согласно член 155-а став 1 од Законот за здравствена заштита, вработените во јавните здравствени установи кои вршат работи од здравствена дејност, имаат статус на даватели на јавни услуги во здравството и за нив се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и Општите прописи за работни односи.
Согласно чл. 161 ст. 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита Сл. весник бр. 10 од 22.01.2015 година, работоводниот орган на здравствената установа врз основа на ранг листа предложена од комисијата за селекција со најмалку тројца кандидати, доколку има повеќе од тројца кандидати кои ги исполнуваат условите, спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидат.
Ако се има во предвид член 6 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор кој согласно член 155-а став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита се применува и за сега тужениот, произлегува дека треба да се избере најстручниот и најкомпетентниот кандидат, односно тој што има најмногу бодови. Меѓутоа, тужениот и за работното место лекар извршил избор на кандидат кој на поединечната ранг листа бил на трето место. Од записникот за спроведено интервју се утврди дека на интервјуто на кандидатите им биле поставувани идентични однапред подготвени прашања од директорот.
Од наведеното јасно произлегува дека тужениот не постапил согласно член 6 став 1 од Законот за вработени во јавниот сектор, бидејќи наместо најстручниот, прво рангираниот на втората ранг листа го избрал трето рангираниот. Всушност, Законот за вработени во јавниот сектор не дава дискреционо право на избор, туку бара да биде избран најстручен и најкомпетентен кандидат во транспарентна постапка. Тужениот во одлуката за избор на кандидатот кој има помал број на бодови од прворангираниот треба да даде добро образложени причини зошто донел таква одлука и не го избрал кандидатот кој има најмногу број на бодови.”