- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 861.42 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 6, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-398/21
(...) „Неосновано тужителката во жалбата наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека образованието на избраната кандидатка било соодветно за работното место за кое била избрана на распишаниот оглас, бидејќи постапката за избор била спротивна на Законот за наставници и стручни соработници, каде во чл. 3 од истиот закон било предвидено дека за ова работно место биле предвидени најмалку 240 кредити и лицето да има завршено најмалку 4 години соодветно високо образование. Според тужителката, во конкретниот случај било избрано лице кое не ги исполнува тие услови за работното место, односно лице кое не поседувало соодветно образование за бараното работно место. Според тужителката, избраната кандидатка се стекнала со диплома - магистер по молекуларна биологија, така што согласно Уредбата за национална рамка во високо образовните квалификации истата не може да биде наставник по биологија ниту пак професор, туку нејзината стручна подготовка е потребна за научно-истражувачка работа во лабораториски услови по молекуларна биологија, а од друга страна тужителката ги исполнувала сите потребни услови за работното место за кое се пријавила по огласот и се стекнала со 240 кредити, колку што било потребно согласно одредбата од чл. 3 од Законот за наставници и стручни соработници.”