- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 968.02 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 16, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-122/22
(...) „Со решението чие поништување се бара, тужителот се распоредува на работно место во едно ниво пониско од нивото на работното место на кое дотогаш работел, поради непостапување по задолжителните мерки дадени од страна на Одделението за полиција при СВР О., односно во доставените известувања до К. Н. и Л. К. не биле наведени мерките кои што ќе бидат преземени од страна на ПС за БПС О., а до ОЈО О. и Осигурителната компанија Н. Б. воопшто не биле испратени известувања. Меѓутоа, ценејќи ги изведените докази, правилно утврдил и заклучил првостепениот суд дека тужителот доставил писмени известувања до таткото на велосипедистот, до оштетената и до ОЈО О. во кои било одговорено согласно документацијата која ја ималa МВР, односно согласно утврдената фактичка состојба од записникот за местото на настанот, а овие известувања биле потпишани и од Началникот на СВР О. и од дополнителниот заменик на Началникот, како и од тужителот како командир на ПС. Точно било дека тужителот не доставил известување до Н. Б., меѓутоа истиот немал обврска да достави такво известување, бидејќи во сообраќајната незгода немало учесник моторно возило. Според тоа, овој суд оценува дека правилно прифатил првостепениот суд дека тужителот со своето однесување, односно со преземените дејствија во врска со предметниот настан, не ја сторил повредата пропишана во горе наведените одредби од Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР, за која се донесени оспорените решенија на тужениот и правилно постапил кога со побиваната пресуда ги поништил истите како незаконити, а со тоа правилно го применил и материјалното право. Особено што за случената сообраќајна незгода имало составен записник од увид на лице место во кој била опишана фактичката состојба на лице место, а кои факти биле потврдени и од сведокот М. П. кој го изготвил записникот на лице место од случената сообраќајна незгода, а тужителот во писмените известувања ја опишал состојбата онака како што била утврдена врз основа на расположливата документација во врска со оваа незгода, а кои известувања биле одобрени и од претпоставените на тужителот со нивни потписи, а секое известување спротивно на утврдената фактичка состојба би значело постапување на тужителот спротивно на Законот и другите прописи. Исто така од доказите и утврдените факти произлегува дека до учесниците во незгодата и ОЈО било доставено известувањето доставено од Секторот за комунални дејности во врска со настанот, што значи дека истите биле запознати со содржината на таквото известување.”