Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-241/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 952.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 5, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-241/22

(...) „Правилно првостепениот суд при уважувањето на тужбеното барање се повикува на решението на ОЈО Битола на 09.06.2021 година со кое е отфрлена кривичната пријава против тужителот, а од друга страна, од сите изведени докази не се утврдило дека тужителот ги сторил повредите од чл. 187 ст.1 т.10 од Законот за внатрешни работи и член 208 т.10 од КД на тужениот. Правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужениот не се докажа дека биле исполнети условите за изрекување на дисциплинска мерка против тужителот. Од страна на ОЈО со решение беше отфрлена кривичната пријава за кривичното дело кое му се става на товар на тужителот, а не сторил ни кршење на работниот ред и дисциплина за што е донесена одлуката. Со тоа што бил затекнат во шума не го прекршил Правилата и прописите на тужениот, работниот ред и дисциплина, не го нарушил ни својот, ни угледот на тужениот. Од друга страна, како утврди првостепениот суд согласно чл. 196 ст. 3 и 4 од Законот за внатрешни работи решението за изрекување на дисциплинска мерка тужениот беше должен да го донесе во рок од 6 месеци од денот на поднесување на предлогот за поведување на дисциплинска постапка.

Согласно чл. 187 од Законот за внатрешни работи и чл. 208 т. 10 од КД на тужениот, работникот врши потешко кршење на работниот ред и дисциплина доколку постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството, а во случајот тужениот не докажа дека тужителот ги сторил повредите за кои е поведена дисциплинска постапка и не постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-182/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право