- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1,019.80 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 15, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-351/21
(...) „Согласно член 72 став 1 и 5 од Законот за административни службеници, дисциплинската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на институцијата или на административниот службеник и тоа: неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи со полесни последици од повредата.
Согласно член 74 став 1 алинеја 2 од Законот за административни службеници, со одлука за утврдена дисциплинска неуредност на административниот службеник може да му се изрече една од следните дисциплински мерки: парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност во траење од 3 месеци. Од решението за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплинска неуредност, видно е дека на тужителката и се изрекува дисциплинска мерка парична казна во висина од 20% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност во траење од еден месец. Ваквата дисциплинска мерка како раководител на Секторот за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија, на тужителката и била изречена поради неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи со полесни последици од повредата. Имајќи во предвид дека Секретарот знаел за наводната повреда, односно за тоа дека тужителката не ги решавала проблемите со проектот уште од 21.06.2019 година кога бил составен Записник од одржаниот состанок во Секторот за економски развој, јавни дејности и информатичка технологија каде раководител била тужителката, судот прифатил дека тужениот имал рок да реагира на соодветен начин веднаш по осознавањето на состојбата, а тоа е во рок од еден месец од осознавањето. Тоа што тужениот поднел писмен извештај за изрекување на дисциплинска мерка на 29.08.2019 година било задоцнето, бидејќи за поведување на дисциплинска постапка бил предвиден рок од еден месец по осознавањето, а тоа е 21.06.2019 година, што значи дека рокот истекол на 21.07.2019 година.”