- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 904.49 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 2, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-356/22
(...) „Неосновани се жалбените наводи на тужениот дека постапката при донесувањето на оспорените решенија била спроведена правилно и законито согласно КД на тужениот, бидејќи тужителот ги сторил повредите за кои се терети и за кои му била изречена парична казна заради кршење на работната дисциплина.
Според тужениот, тужителот без да го извести непосредниот раководител ја напуштил дежурната просторија, со што ја загрозил безбедноста на целокупната службена документација која се наоѓала во просторијата, како и оружјето кое се наоѓало во истата, а останал само полицискиот службеник М. кој вршел надворешно физичко обезбедување на објектот. Од овие причини тужителот неспорно бил одговорен за повредите кои му се ставале на товар, бидејќи постапил спротивно на чл. 12 и чл. 152 од Законот за внатрешни работи, на чл. 10 и чл. 41 од Правилата за начинот на однесување и меѓусебните односи на работниците со посебни должности и овластувања во МВР спротивно на чл. 16 и чл. 20 од Кодексот на полициска етика, и спротивно на чл. 207 и 208 од КД на тужениот, а во врска со чл. 186 и 187 од Законот за внатрешни работи. Со самиот факт што тужителот не го известил својот претпоставен дека ќе користи пауза, постапил спротивно на правилата на Министерството и тоа на чл. 10 и чл. 41, со што ја сторил повредата за која се терети.”