Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-357/22

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 998.68 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 19, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-357/22

(...) „Согласно член 78 став 1 и 2 од Законот за административни службеници дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминал еден месец од денот кога непосредно раководниот административен службеник, односно секретарот на институцијата дознал за повредата на службената должност, како и дека дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминале три месеци од денот кога е сторена повредата на службената должност, освен кога дисциплинската постапка се поведува по наод на внатрешна ревизија за што рокот на застареност е една година. Правилно утврди првостепениот суд дека повредата била сторена на 24.07.2017 година кога Комисијата спровела интервју со административниот службеник составила ранг листа со предлог до секретарот на тужениот да го избере единствениот пријавен кандидат спротивно на закон. Секретарот на тужениот за повредата дознал на 18.01.2018 година кога била поднесена иницијатива на Државниот управен инспекторат за поведување на дисциплинска постапка, а предлогот за поведување на дисциплинска постапка градоначалникот го поднел на 26.02.2018 година. Правилно се утврди дека не можело да се прифати дека вонредниот инспекциски надзор кај тужениот претставува внатрешна ревизија, па рокот на застареност да изнесува една година. Правилно прифатил првостепениот суд дека од денот кога секретарот на тужениот дознал за повредата до денот на поднесување на предлогот за поведување на дисциплинска постапка од градоначалникот и од денот кога е сторена повредата до поведувањето на дисциплинската постапка, настапила застареност, бидејќи поминале роковите од еден месец од денот на сознанието и три месеци од денот на сторувањето на повредата и поради тоа решението со кое на тужителката и е изречена дисциплинска мерка, дисциплински престап е незаконито.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-370/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право