Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-405/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 993.32 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-405/22

(...) „Согласно член 37-с од Законот за измените и дополнувањата на Законот за јавните претпријатија, е предвидено дека дисциплинска неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на јавното претпријатие или на вработениот.

Во конкретниов случај, од изведени докази пред се од исказот на тужителот, даден во својство на странка, се утврди дека лично за настанот посведочил претпоставениот С. Л., кој подоцна бил и телефонски известен од тужителот за повредата и за отвореното боледување од 7 дена, а во текот на денот истиот и телефонски контактирал со тужителот, информирајќи се за неговата здравствена состојба. При таква состојба кога во една работна група, делегирана од страна на директорот на тужениот, претпоставениот во работната група бил известен за настаните кои се случиле конкретниот ден, овој суд смета дека на директорот на тужениот, не би можела да му остане непозната настанатата ситуација.

Имајќи го во предвид утврденото, по мислење на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот не сторил повреда на работната дисциплина, непочитувањето на работното време, распоредот и користењето на работното време и неоправдано известување на непосредно претпоставениот давател на јавна услуга или директорот на јавното претпријатие за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од 48 часа како што е предвидено со Колективниот договор на тужениот.

Овој суд ги ценеше и наводите на тужениот дека истиот не знаел за повредата настаната кај тужителот, се до моментот на спроведување на инспекцискиот надзор од Државниот инспекторат за труд, меѓутоа истите не ги прифати како основани. Ова од причина што наведеното не наоѓа поткрепа во неспорно утврдените околности дека претпоставениот и повеќето вработени, кои тој ден по налог на директорот работеле на критичното место, биле сведоци на настанот каде тужителот се здобил со повреда на работното место како и тоа дека претпоставениот бил запознат со спреченоста на тужителот за доаѓање на работа, бидејќи истиот и после повредата телефонски го контактирал тужителот кој бил на боледување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-383/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право