Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-422/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 946.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 14, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-422/22

(...) „Во конкретниот случај тужителот на 31.12.2019 година учествувал во сообраќајна незгода и притоа возилото го управувал под дејство на алкохол од 2,64 промили и при сообраќајната незгода направена е значителна материјална штета на службеното возило. За сторената повреда на тужителот му е изречена дисциплинска мерка за сторен дисциплински престап од член 73 од Законот за административните службеници и тоа: заради незаконито располагање со материјалните финансиски средства, предизвикување на материјална штета со намера и од крајно невнимание, внесување и употреба како и работење под дејство на алкохол или наркотични средства и однесување спротивно на одредбите на кодексот. Од друга страна на тужителот и претходно, односно на 22.02.2020 година изречена му била опомена поради ненавремено извршување на работните задачи, а на ден 16.01.2020 година му била изречена дисциплинска мерка парична казна за дисциплинска неуредност, од што произлегува дека тужениот утврдил дека нема олеснителни околности за тужителот кој го сторил престапот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-421/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право