Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-464/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 902.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 14, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-464/22

(...) „Во конкретниот случај правилно утврдил првостепениот суд дека тужителот сторил дисциплински престап, не ги извршил и одбил да ги изврши работните задачи кои му биле дадени од страна на претпоставениот раководител. Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека чистењето на терените не било во описот и пописот на работните задачи на работното место сменоводител согласно Правилникот за систематизација на работното место, бидејќи правилно утврди првостепениот суд дека покрај работните задачи поединечно наведени во Правилникот за систематизација со опис и попис на работното место на тужителот во работна задача му е и да извршува и други работи по налог на раководител. Тој одговара пред раководителот на одделението за стопанисување со отворени спортски објекти и токму овој раководител го повикал да се приклучи на тениските терени за истите побргу да се расчистат, бидејќи требало да има рекреативни активности. Правилно утврдил првостепениот суд од изведените докази во текот на постапката дека тужителот не се вклучил во чистење на терените и неосновани се жалбените наводи на тужителот дека немал никаква наредба, ниту налог, бидејќи и самиот во жалбата наведува дека имал повик од раководителот, а како се утврди во текот на постапката тој повик бил за извршување на работни задачи на местото каде што бил повикан тужителот од непосредниот раководител на кој повик тужителот одбил да ги изврши работните задачи расчистување на теренот. Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека согласно актот за систематизација тужителот не бил должен да чисти на спортските терени, бидејќи за тоа кај тужениот имало посебно работно место одржувач на отворени спортски објекти, бидејќи ваквиот одржувач на отворени спортски објекти одговара пред директорот за извршување на работните задачи и раководителот на секторот за стопанисување со спортски објекти и раководителот на одделението за стопанисување со отворени спортски објекти, а тужителот бил сменоводител и неговата одговорност не била спрема директорот како наведува во поднесената жалба, туку за извршување и неизвршување на работните задачи одговара пред раководителот на одделението со стопанисување со отворени спортски објекти. Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека не било јасно, што работникот направил или не направил и ги повредил работните задачи, бидејќи одлуката е јасно донесена за неизвршување на работната задача и одбивање на вршење на работни задачи на повик од раководителот, бидејќи по негов налог тужителот е должен да извршува и други работи. Неосновани се жалбените наводи дека немало налог од раководителот, бидејќи налогот може да биде и писмен и усмен налог, а од изведените докази се утврди дека тужителот на усниот повик да изврши одредена работна задача, тужителот не постапил, поради тоа, правилно утврдил првостепениот суд дека тужителот ги сторил повредите и правилно тужениот ја донел одлуката за парична казна. Неосновани се жалбените наводи на тужителот дека побиваната одлука на Управниот одбор немала потребна законска форма, односно немала правна поука и истата била незаконита, бидејќи тужителот навремено ја поднесе предметната тужба, а одлуката за парична казна содржи правна поука, истата е донесена по спроведена дисциплинска постапка и точно е наведено за кои повреди на тужителот му е изречена дисциплинската мерка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-429/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право