Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-553/20

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1,005.30 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 26, 2021
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-553/20

(...) „Правилно првостепениот суд утврдил дека, не се исполнети условите од чл. 192 од Законот за здравствена заштита за да тужителката времено биде отстранета од здравствената установа од причина што против неа не била поведена кривична постапка за кривично дело сторено на работа или во врска со работата или за кривично дело кое се гони по службена должност, бидејќи како утврди првостепениот суд против тужителката била поднесена само кривична пријава и неосновани се жалбените наводи на тужениот дека против истата била поведена кривична постапка, бидејќи од известувањето од ОЈО О. се утврди дека не била донесена никаква обвинителска одлука. Поради тоа, не постои условот додека трае постапката присуството на тужителката штетно да се одрази врз здравствената дејност, односно да го осуети или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплинскиот престап.

Правилно првостепениот суд утврди дека тужениот во решението не навел за кој дисциплински престап е поведена дисциплинска постапка, која повреда или неизвршување се направени што натамошното присуство на тужителката штетно ќе се одрази врз здравствената дејност. Во решението е наведено дека, против тужителката биле водени повеќе дисциплински постапки, меѓутоа за тие водени постапки и биле изречени соодветни парични казни. По однос на другите настани, земени се изјави од вработени па се поставува прашањето, како тужителката ќе го осуети или оневозможи утврдувањето на одговорноста за дисциплинскиот престап. Против тужителката била започната постапка, формирана била комисија за да се утврди нејзината одговорност, меѓутоа работодавачот немал во предвид дека, работоводниот орган на здравствената установа во рок од 60 дена од денот на започнувањето на постапката врз основа на предлог на Комисијата треба да донесе решение за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплински престап. Тужениот донел решение за отстранување на тужителката од работа за да се утврди нејзината одговорност, меѓутоа правилно утврдил првостепениот суд дека тужителката била отстранета времено од работа повеќе од две и пол години и по предлог на дисциплинската комисија работоводниот орган во законскиот рок не донел решение за изрекување на дисциплинска мерка за дисциплински престап, поради што и овој суд смета дека, правилно утврди првостепениот суд дека донесеното решение за времено отстранување на тужителката од работа е незаконито.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-568/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право