- Version
- Преземи 2
- Големина на фајлот 198.69 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 25, 2011
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Гостивар РОЖ-7/11
Поради настаната негативна финансиска состојба работодавачот може да пристапи кон преземање конкретни мерки за намалување на реалните трошоци, како и намалување на бројот на вработените со спроведување постапка на бодирање на дотогашните вработени на работно место за кое се намалува бројот на извршители и со изменување и дополнување на Правилникот за систематизација при што треба да биде известена и синдикалната организација согласно со чл. 76, ст. 1, т. 3 од ЗРО.
Од страна на тужениот е утврдено дека не е можно работникот да се вработи под променети услови или на други работи, односно не било можно да се доквалификува, односно преквалификува за друга работа, односно не постоела можност работодавачот да му понуди склучување променет договор за вработување на работникот.
Фактот што тужителот бил на боледување кога била донесена одлуката за отказ не претставува пречка за престанок на работниот однос поради деловни причини.