Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-854/10

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 112.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 15, 2010
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-854/10

Работниците (тужителите) со своите дејствија постапиле спротивно на Упатството за вршење на сообраќајно-транспортна служба во станица Миладиновци, чл. 20 од Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, поради што согласно чл. 81, ст. 1, т. 1, 2, 3, 4, 7, 8 и 9 од ЗРО, чл. 82, ст. 1, т. 3 и 5 од ЗРО и т. 1, 4, 5, 10, 11, 12, 14, 16, 22, 23, 24, 26, 27, 28 и 29 од Правилата за работниот ред и дисциплина на работодавачот, им биле откажани договорите за вработување.

Работниците биле должни да поседуваат соодветен алат при работа и да бидат задолжени со соодветен алат заради правилно и безбедно извршување на работните задачи при чие извршување биле изложени на опасност од пожар. Имајќи предвид дека против сега тужителите во тек е кривична постапка, кривичната одговорност по однос на дејствијата во врска со одземената нафта додека биле на работа во нивната смена, ќе биде предмет на утврдување во кривичната постапка, додека во оваа постапка, предмет на утврдување се повреди, односно кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски и непостапување согласно правилата и прописите на работодавачот.

 

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-802/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право