- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 120.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 14, 2012
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1260/12
„(...) првостепениот суд нема законска можност да се впушта во оценка на потребата од оправданост од престанок на работниот однос, ниту пак во начинот и бројот на доделените бодови на тужителот, затоа што право на работодавачот е согласно со утврдените критериуми да врши бодирање на секој од вработените, кое нешто тужениот и го сторил, бодирајќи го тужителот и по тие критериуми. Првостепениот суд согласно со законските одредби од ЗРО внимава дали е законски спроведена постапка за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) од страна на работодавачот – тужениот што во овој случај и го има сторено. (...) оцената за потребата од вакви промени ја прави единствено работодавачот, додека пак судот оценува само дали работниот однос на работникот во случајов престанал под услови и начин утврдени со закон, Колективен договор и Договор за работа, при што не ја цени потребата и оправданоста на престанокот на работниот однос по оваа основа.”