Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1299/15

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 197.70 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 23, 2016
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1299/15

Склучениот договор за волонтерство не може да се конвалидира во договор за вработување, ниту пак може да биде основ за трансформација во работен однос на неопределено време согласно со Законот за работните односи.

„Првостепениот суд утврдил дека тужениот во утужениот период на каков било начин не изразил волја за ангажирање на тужителот за извршување на конкретни работи, за точно определено време, односно рок за извршување на определен надоместок, што се сметаат за суштествени состојки на договор за извршување на работа, што значи дека тужителот и тужениот не постигнале некаква согласност или, пак, се спогодиле на одредби од договор за извршување на работи со полно работно време до 12.2.2015 година, што пак е потребно да се смета дека е склучен договор предвидено во чл.18 од ЗОО. Наведеното дотолку повеќе што не постои законски основ тужениот да биде задолжен да му признае на тужителот постоење на правен однос со договор за извршување на работи, бидејќи помеѓу странките во оваа постапка никогаш не била постигната согласност на волјите за склучување на ваков договор со сите негови суштествени состојки, а уште повеќе што тужителот по своја волја престанал да доаѓа на работа кај тужениот на 17.11.2014 година.

(…) договорите за ангажирање на лица за еднократни проекти не можат да бидат основ за трансформација на работен однос на неопределено време. (…)

Во конкретниот случај, без оглед на тоа што тужителот со тужба бара утврдување на правен однос со тужениот согласно со одредбите од Законот за облигациони односи со конвалидација и конверзија, а врз основа на претходен постоечки договор за волонтерство како еден од предвидените договори за вработување, единствен закон со кои се уредуваат работните односи помеѓу работникот и работодавачот од кои произлегуваат новните права и обврски се одредбите од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-290/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право