- Version
- Преземи 5
- Големина на фајлот 446.08 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 15, 2015
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1508/15
„(...) Имено, со тоа што е извршена измена и дополнување на Колективниот договор на ниво на работодавач на 8.3.2012 година на начин што е утврдено дека право на јубилејна награда имаат вработени кои навршиле 10, 20 и 30 години работен стаж, а се укина условот кој претходно постоеше со Колективниот договор од 2010 година, а тоа е 15 години работен стаж, со оваа измена не е повредено правото на тужителот на нееднаков третман спрема другите вработени.
Во жалбата на тужителот сe наведува дека со тоа што не го остварил правото на јубилејна награда за 15 години работен стаж него му било прекршено загарантираното уставно право на еднаквост со другите вработени. Овој суд најде дека ваквите жалбени наводи се неосновани. Првостепениот суд (…) правилно заклучил дека не е повредено правото на тужителот на еднаков третман при донесувањето на измените и дополнувањата на Колективниот договор во 2012 г. за исплата на јубилејна награда. На сега тужителот не му е исплатена јубилејна награда ниту за 2011 година, 2012 година, 2013 година и 2014 година бидејќи не ги исполнувал условите кои биле предвидени во одлуките што ги донесе првотужениот при исплата на јубилејната награда. Во текот на постапката тужителот не докажа дека на други вработени кај првотужениот кои биле во иста ситуација и положба како него им била исплатена јубилејна награда за да може да се смета дека другите вработени уживаат поповолен третман од него. Во ситуација кога тужителот не ги исполнува условите за исплата на јубилејна награда, тоа не претставува дискриминација, односно повреда на право на тужителот на еднаков третман.
(...) првотужениот согласно со Колективниот договор од 2010 година, а подоцна кога стапиле во сила и измените и дополнувањата на Колективниот договор од 8.3.2012 година, како и согласно со донесените одлуки во текот на 2011, 2012, 2013 и 2014 година вршел исплата на јубилејни награди на оние вработени кои ги исполнуваат условите наведени во донесените одлуки. Доколку тужителот ги исполнувал таквите услови, во секој случај ќе имаше и право на јубилејна награда како и останатите вработени на кои им е исплатена.”