Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-506/13

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 96.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2013
  • Последна промена август 13, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-506/13

Одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини од 29.11.2011 г. е правилна и донесена во законито спроведена постапка согласно чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 94-а, чл. 95, чл. 96 и чл. 97 од ЗРО врз основа на претходно преземени активности од страна на тужениот работодавач, како и согласно чл. 103, ст. 2, т. 3, чл. 123, ст. 1, т. 1, чл. 125 и чл. 174 од КД на тужениот, а врз основа на одлуката за престанување на потребата од работа на работници, мислењето од синдикалната организација на тужениот и согласно програмата за утврдување на потребата за престанок на работен однос со откажување на договорот за вработување од деловни причини на работниците за чија работа престанува потребата кај тужениот. Согласно наведените одлуки, одделот бил укинат, поради што работодавачот немал обврска да изврши бодирање на работниците во групата во одделот и тужителот немал со кого да биде споредуван при одлучувањето за откажување на договорот за вработување од деловни причини, со тоа згаснала функцијата на овој оддел, односно престанала потребата од неговото постоење.

Не е од значење околноста што во времето на донесувањето на одлуката за престанок на работниот однос тужителот бил на боледување, бидејќи во чл. 101, ст. 1 од ЗРО се предвидени условите кога работодавачот не смее да му го откаже договорот за вработување на работникот.

Оспорената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителот од деловни причини не е донесена во време кога сè уште постоело работното место на тужителот во Правилникот за внатрешна организација, бидејќи во оспорената одлука од 29.11.2011 г. е предвиден отказен рок кој започнува да тече наредниот ден од денот на приемот на одлуката, а тужителот ја примил одлуката на 13.12.2011 г., па на тужителот согласно отказниот рок наведен во одлуката работниот однос му престанал и истиот бил одјавен на 13.1.2012 г. во време кога бил донесен и стапил во сила Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работодавачот.

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-682/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право