Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1194/14

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 522.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 14, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1194/14

„Во конкретната работа, тужениот постапил согласно со одредбата од чл. 23, ст. 1 од ЗРО, бидејќи во објавениот јавен оглас навел дека е потребно потребните документи да се достават до училиштето во рок од 5 работни дена од денот на огласувањето. Исто така, од страна на тужениот, во согласност со чл. 23 од ЗРО, во Јавниот оглас било наведено дека работата за сите работни позиции се одвива од понеделник до петок во две смени. Во врска со работните места во огласот е наведено време – се работи за полно работно време од 40 часа неделно, исто така, наведена била и висината на основната плата, која исто така ја предвидува наведената одредба.

Согласно со чл. 21 од Законот за работните односи, работодавачот има право на слободно одлучување со кој кандидат кој ги исполнува пропишаните договорени, односно од работодавачот барани услови за вршење на работата, почитувајќи ги законските забрани, ќе склучи договор за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-566/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право