Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1147/18

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 268.96 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 11, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1147/18

„(...) во конкретниов случај, тужителот бил вработен кај тужениот на работно место хигиеничар, сметано од 18.12.2014 г. до 19.2.2018 г. Во наведениот период тужителот кај тужениот работел непрекинато повеќе од две години на работното место кое било ослободено по основ на пензионирање на претходниот работник, а од директорот на тужениот до Општинската комисија за извршување стручни и административно-технички работи В., биле доставени документи за трансформација на работен однос од определено полно работно време во неопределено работно време за тужителот, но одговор не бил доставен.

Во конкретниов случај, тужителот работел повеќе од две години кај тужениот, и тоа во временскиот период од 18.12.2014 г. до 19.2.2018 г., тужбата е поднесена на 5.4.2018 г., што значи дека во моментот на поднесување на тужбата тужителот не бил во работен однос кај тужениот. Исто така, потребно е работодавачот да утврди трајна потреба од работникот, а во конкретниот случај, неспорно е дека директорот на тужениот со барање до Општинската комисија за извршување на стручни и административно-технички работи В. (...) од 16.3.2017 г. и изјава (...) од 12.9.2017 г., навел дека потребата за трансформирање на работното место хигиеничар од определено во неопределено работно време пополнето од тужителот е од траен карактер и по истото одговор не добил. Имајќи предвид дека како трет услов потребно е да бидат обезбедени финансиски средства за ослободеното работно место, што е од задолжителен карактер, со оглед на тоа дека тужениот се финансира од Буџетот на РМ, а Министерството за образование донесува финансов план и програма и годишна пресметка, произлегува дека не е исполнет овој услов.

Со оглед на наведеното, (...) нема исполнетост на условите од чл. 46, ст. 4 од ЗРО за да може да се трансформира работниот однос од определено во неопределено работно време (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-761/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право