- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 391.25 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 13, 2011
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1608/10
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужениот дека се наоѓал во лоша финансиска состојба поради што исплаќал помала плата од онаа определената со договорите за работа, но истата не била пониска од најниската просечна месечна нето-плата по работник за гранката, меѓутоа ги одби како неосновани. Ова од причина што тужениот во текот на постапката не доставил доказ дека се наоѓа во тешка финансиска состојба, ниту пак доставил доказ од кој ќе може да се утврдат причините за намалување на платата, како и мерилата и критериумите по кои тоа е сторено, поради што правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот без правен основ ја намалил платата на првотужителот, спротивно на чл. 13 од договорот за вработување.”