Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-323/14

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 284.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 28, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-323/14

„(...) тужениот не му исплатил на тужителот плати за периодот од 1.7.2012 година до 30.6.2013 година во вкупен износ од 203.250,00 денари, како и не му уплатил придонеси за ПИО во Фондот за ПИОМ за истиот период во вкупен износ од 53.421,00 денари, поради што правилно првостепениот суд во смисла на одредбата од чл. 105 и чл. 110, ст. 1 од ЗРО го задолжил тужениот да му ги исплати на тужителот наведените износи на име неисплатени плати и придонеси.

Неоснован е жалбениот навод на тужениот дека првостепениот суд погрешно го задолжил да му плати на тужителот и камата од денот на поднесување на тужбата, туку истиот требал да ја определи каматата од денот на донесување на обжалената пресуда. Ова од причина што согласно со чл. 113 од ЗОО, тужениот како работодавач паѓа во задоцнување со поднесување на тужбата, бидејќи тогаш тужителот го повикува тужениот да му ја исплати платата. Со договор за работа или со друг договор не бил утврден рокот во кој тужениот треба да ги исплати побарувањата на тужителот, па со непридржување на тој рок да паѓа во задоцнување. Ова е работен спор и се работи за неисплатена плата и задоцнувањето на тужениот е со поднесување на тужбата. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-577/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право