Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-364/15

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 632.68 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 22, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-364/15

„(...) Правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужениот бил должен платата да ја намали на истиот начин како што ја зголемил, а не со донесување своја одлука за намалување на платата без склучување анекс на договорот за вработување за промена на чл. 8, ст. 2 за висината на основната плата или нов променет договор. Во ситуација кога не бил склучен анекс на договорот за вработување за промена на чл. 8, ст. 2 за висината на основната плата или нов променет договор, правилно првостепениот суд утврдил дека не постоел правен основ за намалување на основната плата на тужителката и истата има право на основна плата како плата со вклучени придонеси и даноци, а без додатоци и надоместок за минат труд од 1.1.2011 година во износ (...) според договорот за вработување, а од 1.7.2011 година заклучно со престанокот на работниот однос на 28.2.2013 година во износ (...) според анексот на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1170/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право