Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-469/16

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 399.87 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање август 23, 2017
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-469/16

„(...) неспорно е дека со решение од 1.2.2012 година со кое тужителот (...) се распоредува на работно место Главен оперативен работник во одделение за лично обезбедување на претседателот на Собранието на РМ, Сектор за обезбедување на личности, Оддел за обезбедување, Централни полициски служби, Биро за јавна безбедност, при МВР на РМ, е наведено дека на тужителот му се исплатува зголемен износ на средства наменети за плата за 30% поради видот, природата и сложеноста на полициските работи, како и поради тежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат, согласно со Законот за полиција, меѓутоа согласно со чл. 169, ст. 1, т. 7 од КД на тужениот е утврдено дека поради посебни услови за работа и опасноста по животот, односно постоење висок ризик во извршувањето на работите и задачите, на овластените службени лица се утврдува додаток на плата за: Одделението за лично обезбедување на Претседателот на Собранието на РМ – 45%.

Согласно со чл. 166, ст. 3 од истиот КД, е утврдено дека додатокот на плата за посебни услови за работа и опасност по животот, односно постоење висок ризик во извршувањето на работите и задачите, на овластените службени лица во организационите единици, се пресметува и додава на основната компонента на плата на работникот.

Согласно со горенаведеното, произлегува дека додатокот на плата од 45% се пресметува и додава на основната компонента на платата на работникот во која е пресметан додатокот од 30%.

Оттука, во услови кога тужителот ги извршувал работните задачи на работно место во Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Собранието на РМ во смисла на одредбата од чл. 169, ст. 2, т. 7 од КД на МВР и тужениот не му го исплатил додатокот на плата од 45%, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да му исплати на име додаток на плата заради посебни услови за работа и опасноста по животот, односно постоење на висок ризик во извршувањето на работите и работните задачи за периодот сметано од февруари месец 2014 година заклучно со октомври месец 2015 година износ од 217.449,00 денари, кој износ е согласно со доставената пресметка изготвена од тужениот.

Во однос на жалбените наводи на тужениот кои се однесуваат на тоа дека тужбата е недозволена во смисла на одредбата од чл. 181 од ЗРО и дека истата е неблаговремена, овој суд ги оцени за неосновани од причина што во конкретниот случај се работи за парично побарување од работен однос и за истиот не се применуваат одредбите од чл. 181 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-549/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право