Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-627/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 490.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 6, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-627/14

„Во изјавената жалба тужениот наведува дека тужителката во спорниот период не била на работа, не извршувала никакви работни обврски и не придонесувала во зголемувањето на добивката на тужениот поради што нема право на плата, како и дека судот немал предвид дека од страна на тужениот на тужителката во определени временски периоди ѝ биле исплатувани определени парични износи.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека тужениот не ѝ исплатил на тужителката плати (...) и не ѝ уплатил придонеси по сите основи (...). Имено, тужителката била во редовен работен однос кај тужениот со склучен договор за вработување (...). Со овој договор била утврдена висината на месечната плата која тужениот имал обврска да ѝ ја исплатува на тужителката (...), како и исплата на други додатоци и надоместоци согласно со Закон.

Во конкретниот случај, во текот на постапката тужениот не доставил докази за исплатени плати и уплатени придонеси конкретно за тужителката за утужениот период, а декларациите за прием кои содржат групни податоци за вработените не се од влијание во случајот, бидејќи истите не се однесуваат само на тужителката. Во смисла на наведеното и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителката, задолжувајќи го тужениот да ѝ ги исплати на тужителката неисплатените плати и придонеси за спорниот период во износи утврдени согласно со извршеното вештачење.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-532/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право