Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1366/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 320.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 16, 2010
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1366/10

„(...) Имено, при состојба кога тужителот живеел во Штип, а бил вработен во Единицата за брзо распоредување во Скопје, која е мобилна 24 часа, не може да се прифати дека има право на надоместок на трошоци за превоз од местото на живеење Штип до местото на работа Скопје и обратно за време на слободните денови, кога истиот требал да биде на располагање на единицата 24 часа. Ова од причина што припадниците на организационите единици на Министерството за внатрешни работи како што е Единицата за брзо распоредување, должни се во секој момент и за најкраток рок во текот на 24 часа да бидат достапни и на располагање на службата, поради што и тужителот не патувал секојдневно на релација Штип – Скопје. Доколку тужителот патувал за време на слободните денови, тоа го правел самоиницијативно со цел да го посети своето семејство, а не за да стигне до работното место, поради што нема право да бара надомест на реални трошоци за патување од Штип за Скопје и обратно за време на слободните денови за посета на своето семејство.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-882/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право