- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 304.12 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 22, 2010
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-587/10
„Во жалбата тужителот наведува дека погрешно првостепениот суд утврдил дека тој со наредби на надлежен старешина бил упатуван на извршување на службени задачи – испомош во одделение за одржување на електронски средства во гарнизонот Велес, институтот испомош не бил познат за ЗРО, дека патувањето на тужителот во Велес секогаш траело повеќе од 8 часа, а помалку од 12 часа, сметано од моментот на поаѓање па до моментот на враќањето, што значи дека за секое патување му следува, а и порано му било исплаќано по 1/2 дневница, односно по 400,00 денари, како и дека неоснован е наводот на судот дека за службено патување требало да се издаде патен налог заведуван во деловната книга.
Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но за истите најде дека се неосновани, од причина што како тужителот бил вработен во ВП 3642/4 во чиј состав влегувале три гарнизони, и тоа гарнизонот Скопје, гарнизонот Петровец и гарнизонот Велес, па како тужителот со наредби од надлежен старешина бил упатуван за извршување на службени задачи – испомош во одделение за одржување на електронски средства во гарнизон Велес, односно бил упатуван во рамките на воената пошта во која е вработен, правилно првостепениот суд согласно со одредбите од чл. 168, чл. 169, чл. 170, ст. 1, чл. 171, ст. 1, т. 2 од Законот за служба во АРМ одлучил како во изреката на обжалената пресуда.”