Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-662/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 471.03 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 3, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-662/18

„(...) правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека наведените средства – аванс претставуваат средства кои се давани за плаќање на трошоци направени при превозот, вклучувајќи ги и царинските и други трошоци, а не и за дневници за патувања (...) согласно со одредбите од чл. 113 од ЗРО, чл. 81, ст. 1 и чл. 84 од Колективниот договор за сообраќајот и врските.

(...) во состојба кога од доказите изведени во текот на постапката, како и од листингот на остварени преминувања на државната граница на граничниот премин на РМ за периодот од 3.9.2013 година до 31.7.2015 година на лицето С. Б., издаден од МВР на 30.9.2016 година, и од патна исправа на тужителот се утврдува дека истиот ја преминувал државната граница на РМ на граничните премини Табановце и Деве Баир во наведениот предметен период, а дотолку повеќе што датумите на преминување на државната граница наведени во Листингот од Министерството за внатрешни работи и печатите на патната исправа се идентични со евиденцијата на службените патувања водена од тужителот, во која тужителот ги запишал местата каде бил упатен на службено патување, а кои се потребни за утврдување на висината на дневницата, па како тужениот не му исплаќал на име дневници на службено патување, правилно првостепениот суд прифатил дека тужениот е должен да му исплати на тужителот на име неисплатени дневници за службени патувања во странство за периодот од 10.3.2014 година до 31.7.2015 година вкупен износ од (...) денари, пресметан во висина предвидена во Уредбата за дневниците за службено патување, а кој износ тужителот треба да го прими за периодот од 3.9.2013 година до 31.7.2015 година, што на републичките органи им се признаваат како материјални трошоци („Сл. в. на РМ”, бр. 5/13, 1/14 и 90/14) и Решението за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство што на органите на управата им се признаваат во тековните трошоци („Сл. в. на РМ”, бр. 19/14), а според извршената пресметка во наодот и мислењето од вешто лице.

Во однос на жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека на тужителот паричните средства кои му биле давани при патувањето му биле за трошоци за јадење и за неговите трошоци при патувањето, дека секој возач добивал патен налог и одредена сума пари за подмирување на трошоците при патувањето, дека износите кои му се давани ги задржал за себе, овој суд го оцени за неоснован од причина што правилно првостепениот суд не го прифатил овој навод со образложение доколку тужителот на тужениот не му ја враќал разликата од дадениот аванс, тужениот имал можност истата да ја побарува од тужителот во друга постапка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-666/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право