Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1231/17

  • Version
  • Преземи 3
  • Големина на фајлот 426.06 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 18, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1231/17

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот како работник на работно место шумски работник – сечач работите ги извршувал на терен и во спорниот период работел на сеча на повеќе места (...) каде што теренот бил лош и стрмен, сите работи ги извршувал на отворен простор, при што бил изложен на атмосферски влијанија и специфични релјефни услови во шума каде теренот е стрмен во рамките на шумските сечи и наутро доаѓал на работа во седиштето на фирмата, од каде со возила на тужениот тој и останатите работници биле превезувани во сечите во кои работеле на основа на усна наредба на раководителот и секојдневно ефективно тужителот работел на терен најмалку 7 часа.

Оттука произлегува дека како тужителот работел на терен, му следува теренски додаток со самиот престој и работење на терен од поминат ден, а во однос на налог од претпоставениот, истиот е само формална претпоставка и не може да влијае на правото кое го има тужителот на теренски додаток, кое неспорно го следува затоа што неспорно истиот работел и престојувал на терен согласно со неговото работно место.”

Претходно Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.133/2017-1
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право