Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1678/12

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 346.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 6, 2012
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1678/12

„Првостепениот суд утврдил дека тужителот на 24.8.2010 година поднел барање до тужениот да му бидат исплатени надоместоци за одвоен живот. Надоместокот за одвоен живот, пресметан во висина од 60% од основицата утврдена со Колективниот договор на ниво на тужениот од 2003 година за периодот од 8.1.2010 до 13.7.2010 година, односно додека не бил склучен нов Колективен договор на ниво на тужениот, вкупно изнесувал 70.005,00 денари, кои тужениот бил должен да му ги исплати.

Меѓутоа, по наоѓање на овој суд, првостепениот суд немал предвид дека надоместокот за одвоен живот од семејството е паричен надоместок кој му се исплатува на работникот поради фактот дека во определен временски период за потребите на работодавачот работните задачи ги извршува надвор од местото на постојаното живеалиште на неговото семејство, односно во местото каде што е упатен на работа не живее со неговото семејство. Во услови кога првостепениот суд утврдил дека тужителот ги извршувал работните задачи во општина Гевгелија која се наоѓа на оддалеченост поголема од 50 км од местото на живеење на тужителот, Куманово, односно дека тужителот патувал 166 км во еден правец од местото на живеење до работното место и обратно, а тужениот имал обврска да му ги надомести патните трошоци за спорниот период (...) согласно со одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор на РМ и Колективниот договор на тужениот, по наоѓање на овој суд, тужителот не може да оствари право на надоместок за одвоен живот од семејството. Имено, имајќи предвид дека ова право им следува на работниците кои во местото каде што се упатени на работа не живеат со семејството, а во случајот тужителот патувал од местото на живеење до работното место и се враќал дома, по наоѓање на овој суд тужителот нема право на надоместок за одвоен живот од семејството.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1427/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право