Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-132/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 281.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 12, 2014
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-132/14

„Со жалбата тужениот се жали само на погрешно утврдена фактичка состојба, затоа што првостепениот суд погрешно постапил кога го задолжил тужениот да му исплати на тужителот износ од 7.687,00 денари на име отпремнина при одење во пензија бидејќи училиштата – тужениот не располага со свој буџет и не се директни буџетски корисници, туку средствата за плати и ситe останати трошоци ги добиваат од страна на локалната самоуправа и дека исплаќањето на отпремнина согласно со Законот за извршување на буџетот треба да се реализира од сметка на локалната самоуправа.

Овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи, меѓутоа ваквите наводи не ги прифати (...). Во конкретниот случај работодавач на тужителот е тужениот ОУ (...) и тој како работодавач поради исполнување на услови за старосна пензија има законска обврска на работникот да му исплати отпремнина (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-86/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право