Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1170/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 483.03 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 21, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1170/14

„(...) во конкретниот случај на тужителката ѝ престанал работниот однос врз основа на одлука за откажување на договор за вработување (...), бидејќи истата не го прифатила новиот понуден договор за вработување, ниту пак го оспорила ова решение. Согласно со чл. 113, ст. 2 и 3 од Законот за работните односи – пречистен текст („Сл. в. на РМ”, бр. 16/2010), работникот има право на отпремнина при одење во пензија, како и јубилејни награди. Висината, основицата и рокот за пресметување и исплата на надоместокот на овие трошоци се утврдува со закон и колективен договор. Имајќи ја предвид содржината на наведената одредба, произлегува дека тужителката би имала право на отпремнина во случај доколку ѝ престанал работниот однос поради исполнување на условот предвиден во чл. 104 од ЗРО, прекин на договорот за работа поради возраст на работникот, каде е наведено дека работодавачот го прекинува договорот за вработување кога работникот ќе направи 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. Во конкретниот случај, на тужителката работниот однос ѝ престанал со одлука за откажување на договор за вработување поради неприфаќање понуда за склучување нов променет договор за вработување од денот на доставување на таа одлука, а не поради наполнување на работникот 64 години возраст, поради што не е исполнет условот предвиден во чл. 113, ст. 2 и 3 од Законот за работните односи. Тоа што тужителката со наполнети 62 години по престанокот на работниот однос заминала во пензија, користејќи ја можноста како жена работник со наполнети 62 години и ги исполнила условите за признавање право на старосна пензија согласно со Законот за ПИО, не значи дека на тужителката ѝ следува предвиденото право на отпремнина согласно со горенаведената одредба од ЗРО. Во секој случај, доколку тужителката побарала кај тужениот да ѝ престане работниот однос поради исполнување на условите предвидени во Законот за измена и дополна на Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Сл. в. на РМ”, бр. 24/2000) и тужениот донел такво решение со кое ќе ѝ престане работниот однос поради заминување во пензија, во тој случај тужителката би имала право на отпремнина поради заминување во пензија.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1205/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право