- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 428.21 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 19, 2016
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1449/15
„Во однос на жалбениот навод на тужениот во кој наведува дека на тужителот му била исплатена отпремнината, односно на тужителот не му следи исплата на име отпремнина поради тоа што тужителот имал подигнато трупци во вредност од 69.612,35 денари врз основа на испратница, па во книговодствената евиденција на тужениот е нотирано намалување на долг за износ од 41.558,00 денари по основ на издадена испратница и фактура за продажба на трупци, овој суд го најде за неоснован. Ова од причина што правото на отпремнина е законско лично право на работникот утврдено со ЗРО и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, истото работодавачот без согласност на работникот не смее своите побарувања да ги порамни со својата обврска за исплата на парично побарување од работен однос. Бидејќи видно од списите во предметот тужениот во оваа насока нема доставено доказ дека тужителот дал писмена согласност за намалување на долг, правилно првостепениот суд постапил кога го задолжил тужениот да му исплати износ од 41.558,00 денари на име отпремнина.”