Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1520/19

  • Version
  • Преземи 6
  • Големина на фајлот 259.92 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 14, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1520/19

„Во жалбата на тужениот се наведува дека за неисплатениот надоместок дознал со приемот на тужбата, по што веднаш постапил и извршил уплата на бараниот надоместок, дека кај тужениот била пракса сите вработени кои ги исполнувале условите за старосна пензија со писмено барање да се обратат за исплата на каков било надомест, а која пракса била востановена во консултација со трудовиот инспекторат и претставниците на синдикатот, па од овие причини смета дека водењето на оваа парница е непотребно создавање трошоци. Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како неосновани. Ова од причина што исплатата на отпремнината е обврска за работодавачот, определена со закон, поточно со чл. 113, ст. 2 од Законот за работните односи, па оттука не може тужениот како работодавач да се повикува на тоа дека не му била позната оваа негова обврска, дека било пракса и тужителот требало да поднесе писмено барање до тужениот. Дотолку повеќе што самиот тужен ја донел Одлуката (...) од 18.10.2018 година, што значи дека бил запознаен со фактот дека тужителот ги исполнил условите за старосна пензија, па со самото тоа и дека му следува отпремнина поради одење во пензија, па неподнесувањето писмено барање за исплата на отпремнина од страна тужителот, кое и не е задолжително, туку е само пракса кај тужениот, не го ослободува тужениот од законската обврска за исплата на отпремнината на тужителот. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-604/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право