- Version
- Преземи 15
- Големина на фајлот 319.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 12, 2014
- Последна промена август 14, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-23/14
„Тужениот во жалбата наведува и дека судот го немал предвид чл. 181 од ЗРО бидејќи тужителот барањето за исплата на јубилејна награда го поднел на ден 15.7.2011 година, а тужбата за парично побарување ја поднел на 3.10.2011 година, што значи дека е поминат законскиот рок во кој тужителот можел да бара утврдување на право на јубилејна награда. Овој суд го ценеше ваквиот жалбен навод, но за истиот најде дека е неоснован од причина што од доказите изведени во текот на постапката произлегува дека тужителот поднел Барање до тужениот за исплата на јубилејна награда на 15.7.2011 година, 24.8.2011 година и последен пат на 27.9.2011 година, но тужениот не постапил по барањето на тужителот. Како тужителот постапил на ваков начин и барањето за исплата на јубилејна награда го поднел до тужениот, и тоа во три наврати на 15.7.2011 година, 24.8.2011 година и последeн пат на 27.9.2011 година, а тужениот во рокот од чл. 181, ст. 3 од ЗРО не постапил по барањето на тужителот, правилно тужителот во законски предвидениот рок од наведената одредба од ЗРО побарал судска заштита пред надлежниот суд.”